Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Во кралството на мразот

Хемптон Сајдс  




Оригинален наслов на книгата : In the kingdom of ice : the grand and terrible polar voyage of the USS Jeannette
ИСБН : 978-608-247-343-7
Година на издавање : 2016
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 496
Димензии : 145x205
Корица : мека



Краток опис

На 8 јули 1879 година, капетанот Џорџ Вашингтон де Лонг и неговиот екипаж од триесет и двајца мажи испловуваат од Сан Франциско на бродот УСС „Џанет“.

Упатувајќи се длабоко во неистражените арктички води, во своите срца го носат блескавиот копнеж на една млада земја да стане првата нација која го освоила Северниот Пол. По две години макотрпно патување, трупот на УСС „Џанет“ е пробиен од непроодна маса мраз што го принудува екипажот да го напушти бродот среде надојдените водни порои. Часови подоцна, бродот почнува да тоне, а екипажот, со минимални резерви за преживување, е изгубен стотици километри северно од Сибир. Одеднаш, триесет и тројцата сонувачи се соочуваат со застрашувачката реалност на неизбежното: истоштувачки марш низ бескрајниот мраз во потрага по можност за живот.

Борејќи се со неумоливиот глад и психичката исцрпеност, екипажот на
УСС „Џанет“ е исправен пред низа натчовечки искушенија: од снежно слепило и поларни мечки до сурови бури и лавиринти од мраз. Преполна со возбудливи пресврти, „Во кралството на мразот” е фасцинантна приказна за хероизмот и одлучноста на човекот на едно од најбруталните места на планетата Земја.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците