Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Хрушчов: на чело на СССР

Рој А. Медведев и Жорес А. Медведев  




Оригинален наслов на книгата : Khrushchev: the years in power
ИСБН : 978-608-247-306-2
Година на издавање : 2015
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 182
Димензии : 130x205
Корица : мека



Краток опис

Овој портрет на периодот на владеење на Никита С. Хрушчов, скициран од двајца значајни советски автори и дисиденти, открива една негова страна порано малку позната на Западот: одлучен, па дури и непромислен, иноватор. Низ страниците на оваа книга, Хрушчов е прикажан како личност нетрпелива да избрише секаква трага од сталинизмот и да ги санира раните на советскиот систем преку решавање на проблемите во неразвиеното советско земјоделство. Како ниту една студија пред неа, Хрушчов: на чело на СССР се впушта во потрага по остроумноста и комплексната психологија на еден советски водач, едновремено истражувајќи ја меѓузависноста на советската политика и плановите за развој на земјоделството во СССР кон средината на минатиот век - спрегата што ќе го воздигне и конечно симне Хрушчов од власт.

„Браќата Медведев… ни даваат намерно трезвена и балансирана слика на Хрушчов. Како што и би можело да се очекува, книгата е најдобра онаму каде што се занимава со неговите политики во сферата на науката и земјоделството.“



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците