Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Невини

Бурхан Сонмез  




Оригинален наслов на книгата : Masumlar
ИСБН : 978-608-229-970-9
Година на издавање : 2015
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 160
Димензии : А5
Корица : мека



Краток опис

Двајца млади, дојденци од различни земји, случајно се сретнуваат во една продавница во Кембриџ: Брани Таво, Курд, политички бегалец од Турција, и Ферузе, пребегната во Белика Британија од Иран за време на тамошната револуција. И двајцата имаат свои тајни и гревови.


Малку по малку, меѓу нив се раѓа љубов која постепено се засилува, хранета од приказни, од заедничката приврзаност кон литературата и од заемното препознавање на тешкотиите на нивниот споделен егзил. Брани Таво раскажува скици од минатото на неговото семејство, живописни приказни кои се испреплетуваат со дамнешните легенди: овчари погодени од гром, војници кои се враќаат дома со траумите од војната, крвави непријателства што уништуваат семејства, мечки што напаѓаат селани трагајќи по украдените мечиња и фотограф кој на селаните им ги пренесува новостите преку портретите што ги фотографира. 


Овие темни, наследени сеќавања, неговата тажна меланхолична природа и хроничната несоница од која страда имаат натежнато врз Брани Таво, па тој често потонува во самотијата на сопствените мисли лутајќи низ локалните гробишта. Со време, воден и од тивката харизма на Ферузе, посегнува по некое послободно место - во себеси. Ферузе, која исто така е прибежиште за сурови семејни тајни, соочена со итноста на една вонредна ситуација, еден ден ненадејно ќе се врати во Иран. И Брани Таво знае точно што мора да направи овој пат...


„Невини“ ја раскажува приказната за двата живота кои се одвиваат низ рамнината Хајмана, Техеран и Кембриџ...



„Моето минато беше зад некоја завеса. Морав да одам кај Ферузе. Морав да ја видам за да ги отворам завесите на иднината и на минатото.“



„Невини“ (Masumlar) е вториот роман на Бурхан Сонмез. Романот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Седат Симави“ на Здружението на новинари на Турција, највисоко книжевно признание во Турција.


***


Бурхан Сонмез е роден во 1965 година во Хајмана, Турција. Основно и средно образование завршил во Полатли. Откако завршил Правен факултет на истанбулскиот универзитет, извесен период работел како адвокат и како уредник. Пишувал текстови за култура, политика и за верски прашања во разни весници и списанија. Долги години живеел надвор од земјата (во Велика Британија). Во моментов живее во Истанбул и во Кембриџ. Неговиот прв роман „Север“ (Kuzey) е објавен во 2009 година. 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците