Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Инженерство на хемиски реакции

Октав Левеншпил  




Оригинален наслов на книгата : Chemical Reaction Engineering
ИСБН : 978-608-229-615-9
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 684
Димензии : 185x260
Корица : тврда



Краток опис

Инженерството на хемиски реакции е онаа инженерска активност што се однесува на примената на хемиски реакции на комерцијално ниво. Нејзина цел се успешниот дизајн и работата на хемиски реактори и, најверојатно повеќе од која било друга активност, таа го разделува хемиското инженерство како посебна гранка на инженерската професија.


Во типична ситуација, инженерот се соочува со голем број прашања: кои информации се потребни за решавање проблем, како најдобро да се дојде до нив и потоа како да се одбере добар дизајн од многуте достапни алтернативи?


Целта на оваа книга е да ве научи како да одговорите точно и мудро на овие прашања. За да го направам ова, ги нагласувам квантитативните аргументи, 

едноставните методи на дизајн, графичките постапки и честата споредба на можностите на главните типови реактори. Овој пристап би требало да ви помогне во развивањето силно интуитивно чувство за добар дизајн, кое потоа ќе може да ги насочува и да ги засилува формалните методи.


Оваа книга е учебник; на почетокот се обработени едноставни идеи, кои потоа се проширени до посложени. Исто така, низ целата книга се става акцент на развивањето заедничка стратегија за дизајн за сите системи, хомогени и хетерогени.


Ова е воведна книга. Темпото е лесно и на местата каде што е потребно, одвоено е време за разгледување зошто се изнесени одредени претпоставки, за дискусија зошто не е применет алтернативен пристап и за укажување на ограничувањата на постапката кога се применува во реални ситуации. Иако математичкото ниво не е особено тешко (сe што е потребно е познавање елементарен калкулус и линеарни диференцијални равенки од прв ред), не значи дека идеите и концептите што се учат се особено едноставни.


Развивањето нови начини на размислување и на интуиција не е лесно.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците