Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Обновливи извори на енергија: Моќност за одржлива иднина

Годфри Бојл (ур)  




Оригинален наслов на книгата : Renewable Energy: Power for a sustainable future
ИСБН : 978-608-229-771-2
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 582
Димензии : 205x270
Корица : тврда



Краток опис

Еден од најголемите проблеми со кој се соочува цивилизацијата денес е обезбедувањето резерви на одржлива енергија за свет што се шири и во кој се зголемува производството. „Обновливи извори на енергија“ ги разгледува и практичните и економските потенцијали за соочување со овој предизвик на изворите на обновлива енергија. Објаснети се важните физички и технолошки принципи за добивање енергија од директни соларни (соларно-термални и фотонапонски), индиректни соларни (биомаса, хидро, ветер и бран) и несоларни (тидални и геотермални) извори на енергија, во контекст на нивното влијание врз околината и нивната економска иднина и очекувања.


Заедно со придружниот том, „Енергетски системи и одржливост“, оваа книга нуди и гледиште и детали за релативните заслуги и состојбата на напредок на технологијата за искористување на неколкуте „обновливи извори“. Анализата вклучува емисија, одржливост, трошоци и сигурност на енергијата под влијание на политичките и економските притисоци што го водат општеството кон иднина со ниско ниво на јаглерод. Од преглед на основни процеси за претворање на енергијата, преку дискусија за индивидуалните обновливи извори, до заклучно испитување за идните можности за нивно вклучување во националните и интернационалните мрежи, оваа книга овозможува важен увид во иднината на обновливите извори на енергија.


Ги покрива сите главни форми на обновлива енергија што се искористуваат во моментот.Интердисциплинарниот приод ги зема предвид економските, социјалните, политичките проблеми и проблемите со околината.Деталните илустрации во боја, заедно со табелите со податоци даваат поткрепа на анализите од соодветните дисциплини.

Годфри Бојл, професор по обновливи извори на енергија, Отворен универзитет.


„Имам рецензирано многу учебници за обновлива енергија, а оваа јасно се истакнува над сите други. Нуди одлична рамнотежа меѓу техничката содржина и практичната примена“.


Даглас Џ. Реинман, професор по инженерство на биолошки системи на Универзитетот во Висконсин-Медисон, САД.


„Квалитетот на илустрациите во „Обновливи извори на енергија“, како и вклучувањето на податоците за енергијата во Северна Америка ја прават оваа книга и придружниот том „Енергетски системи и одржливост“ мој прв избор за која било програма за енергија во високото образование.“.


Џејмс Леидел, управител на Системи за чиста енергија, Универзитет Оукланд, САД.


„Одличен воведен текст на темата што бара минимално познавање на технологијата и математиката. Прекрасно илустрирано со слики во боја и дијаграми што се лесни за разбирање“.


***


Леон Фрерис, професор, Центар за технологија на системи за обновливи извори на енергија (CREST), Универзитет Лаубороу, Велика Британија.


Годфри Бојл, професор по обновливи извори на енергија, Отворен универзитет



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците