Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Зошто сакам да скокам

Наоки Хогашида  




Оригинален наслов на книгата : The Reason I Jump: The Inner Voice of a Thirteen-Year-Old Boy with Autism
ИСБН : 978-608-229-703-3
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 125
Димензии : 145x205
Корица : мека



Краток опис

Делото „Зошто сакам да скокам: вистинска лична приказна за тринаесетгодишно момче со аутизам“, претставува еден вид на мемоар во кој што Наоки Хигашида ни демонстрира како аутистичниот ум размислува, чувствува, гледа и реагира на начин кој само неколку од нас можат да си замислат. Родители и членови на семејството кои никогаш не мислеа дека можат да навлезат во главите на нивните аутистични деца, сега имаат можност да го погледнат нивниот свет одблизу.


„Ова е интимна книга, која ги нурнува читателите директно во умот на аутистот - какво е чувството кога нема временска граница, зошто знаците и потсетниците се неопходни и зошто е толку тешко да се држи нечија туѓа рака. Секако, тука се работи за различни видови на однесување; токму затоа фразата „аутистичен спектар“ стана толку позната. Но токму преку слушањето на гласот, можеме да ги разбереме неговите одекнувања“. - ЧИКАГО ТРИБЈУН


ДЕЦАТА СО АУТИЗАМ ЗАСЛУЖУВААТ ДА БИДАТ СЛУШНАТИ. ТИЕ ИМААТ ПРАВО НА КВАЛИТЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ, СООДВЕТНО ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВИЛНА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОПШТЕСТВОТО. КУПУВАЈЌИ ЈА ОВАА КНИГА ВИЕ ДАВАТЕ СКРОМЕН ПРИДОНЕС КОН ОСТВАРУВАЊЕТО НА ОВАА ЦЕЛ: ДЕЛ ОД СОБРАНИТЕ СРЕДСТВА ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ И АСПЕРГОВ СИНДРОМ.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
1

Коментари од корисниците

29.04.2014 00:19:56   Anonymous напиша

Kako clen na zdruzenieto za autizam Vo Mojot Svet, sretnav stotici ,ne samo deca ,tuku i vozrasni autisti,no za prv pat otkako ja procitav knigata ZOSTO SAKAM DA SKOKAM,mozam da go razberam nivniot svet.Edno golemo BLAGODARAM od clenovite na zdruzenieto,roditelite i site onie koi se zasegnati od autizmot.Blagodarnost do Rotari klub "Kiril i Metodi" i Ars LIBRIS