Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна

Јонас Јонасон  




Оригинален наслов на книгата : The 100-Year-Old Man Who Climbed Out the Window and Disappeared
ИСБН : 978-608-229-631-9
Година на издавање : 2014
Издавачка куќа : Арс ЛИБРИС
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 1
Број на страни: 368
Димензии : 145x205
Корица : мека



Краток опис

Приказната за Алан Карлсон, ведриот старец кој на својот стоти роденден скокнува низ прозорец, цврсто решен старечкиот дом во Малмкопинг да не биде место на кое ќе го заврши својот век, добива свој заплет кога стариот присвојува еден куфер од еден криминалец. Тоа ќе покрене низа случувања и ќе го доведе во врска со многу интересни ликови.

Како се заплеткува оваа случка така се отплеткува животот на Алан Карлсон, кој, како што се покажува, во вистинско време се наоѓал на места на кои се решавала иднината на Европа и на светот: учествувал во војната меѓу Шпанците и Шпанците, вечерал со Труман, ручал со Мао Цетунг, спречил атентат на Черчил... Русите го бркале да им ја открие тајната за атомската бомба, а тој, побегнувајќи од сибирскиот гулаг, преку Северна Кореја стигнал на Бали каде 15 години живеел од американски пари наменети за помош и развој на далекоисточните земји – урнебесна историја на модерниот свет!
Стогодишникот кој скокна низ прозорец и исчезна беше одлично прифатена. Се најде на списокот на најпродавани книги во Шведска веднаш по излегувањето, а голем успех доживеа и во над 30 земји на чии јазици е преведена досега.



Оценка од корисниците

5 звезди

1

4 ѕвезди

1

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
4,5
2

Коментари од корисниците

22.04.2014 19:35:24   Anonymous напиша

Авторот на прекрасен начин го поврзува Алан Карлсон со некои од најголемите ликови во последните сто години, особено со братот на Ајнштајн. Романот е навистина весел и смешен, изобилува со збирка одлични и весели лица од кои секој му се придружува поради различни причини. Заплетот не попушта и, ако некој бара одлична книга со која ќе ги мине летните денови, Стогодишникот е вистинскиот избор.