Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Лориевата наука за месото

Р. А. Лори  




Оригинален наслов на книгата : Lawrie's meat science
ИСБН : 978-608-229-438-4
Година на издавање : 2011
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 460
Димензии : 165x245
Корица : тврда



Краток опис

„Лориевата наука за месото“ е една од најдобрите достапни книги на тема наука за месото, идеална е за сите студенти од областа на науката за храната и технологијата. 


Таа се етаблираше како работен стандард и за студентите и за професионалците во месната индустрија. Нејзина основна тема останува централната важност на биохемијата во разјаснувањето на продукцијата, складирањето, обработката и квалитетот на консумација на месото. Во време кога контроверзиите продолжуваат да ја обиколуваат месната продукција и исхраната, Лориевата наука за месото обезбедува јасен водич кој го води читателот од растот и развојот на месните животни, преку преведувањето на мускулот во месо, до точката на негова консумација и претопување на неговите хранливи состојки. 


Ова ново издание ги содржи значајните напредоци кои зазеле свое место во науката за месото од публикацијата на последното издание. Науката за биоинформатика, на пример, обезбедува нови приоди во разјаснувањето на квалитетот на консумацијата и нутритивната вредност на месото, додека нанотехнологијата претставува алатка со чија помош овие карактеристики можат да бидат потенцијално контролирани. Сè поголемото разбирање на гените и ДНК-та, го подобрува разјаснувањето на механизмите на дефекти во квалитетот на месото и води кон напредок во идентификацијата на видот и анализата на токсините. 


Друг развој е забележан во порастот на деталното разјаснување на мускулниот протеин, напреднато е сфаќањето на однесувањето на патогенот во месните продукти и придобивките на квалитетот кои настанале како резултат на поврзани знаења од карактеристиките на различни мускули до нови начини на колење и (дресинг) средување на трупот на животното. 


Ралстон Лори, почесен професор на науката за храна, Универзитет во Нотингем, е еден од водечките светски авторитети во науката за месото Дејвид Лидвард, неговиот соработник на ова издание е почесен професор на науката за храна, на Универзитетот во Ридинг и главен уредник на списанието Наука за месото. Двајцата заедно, Професор Лори и Лидвард имаат стогодишно истражувачко искуство во областа на науката за месото. 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците