Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Принципите на паралелното програмирање

Калвин Лин,   Лоренс Снајдер  




Оригинален наслов на книгата : Principles of Parallel Programming
ИСБН : 978-608-229-575-6
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 352
Димензии : 170x235
Корица : мека



Краток опис

Со подемот на повеќејадрената архитектура, паралелното програмирање како тема добива важност за софтверските инженери и за дизајнерите на компјутерски системи. Принципите на паралелното програмирање, напишана од добропознатите истражувачи Калвин Лин и Лоренс Снајдер, се фокусира на основните принципи на паралелното пресметување, ги објаснува различните феномени и појаснува зошто овие феномени претставуваат можности или бариери за успешното паралелно програмирање.


Оваа книга е идеална за додипломски курс на повисоко ниво или курс на ниво на магистерски студии, или за професионалните програмери што сакаат да се запознаат со паралелизмот. Во книгата се дадени вредни и трајни информации што ќе ги надживеат тековниот хардвер или софтвер.


КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Пристапот прво преку принципите ги акцентира фундаменталните концепти на паралелното пресметување наместо да понуди „како да“ водич за тековните комерцијални производи.Популарните програмски јазици се изложени во контекстот на принципите и алатките употребени за програмирање современи паралелни машини. Рамките со забелешки дават интересни проширувања на претставените информации.Рамките со дефиниции ги дефинираат клучните зборови и концептите. Вежбите на крајот на главите нудат можности за имплементирање на изложените концепти.Идните насоки во паралелното програмирање (глава 10) се фокусираат на тековните развои што веројатно ќе влијаат врз ова поле.Пишување паралелни програми (глава 11) обезбедува практичен пример за читателите да креираат суштински паралелна програма.



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците