Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Заемни дејства на минералите, микроорганизмите и органската материја во почвата

Киаојун Хвенг,   Пан Минг Хвенг,   Антонио Виоланте  




Оригинален наслов на книгата : Soil Mineral-Microbe-Organic Interactions: Theories and Applications
ИСБН : 978-608-229-576-3
Година на издавање : 2013
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 368
Димензии : 155x235
Корица : мека



Краток опис

Во оваа книга се претставени резултатите од најновите истражувања и прегледи за заемните дејства меѓу минералите, органската материја и микроорганизмите во почвата. Книгата ги опфаќа механизмите на трансформација, динамиката и биолошката достапност на тешките метали, радионуклидите, биомолекулите и имобилизираните хранливи материи од почвените минерали, хумусните супстанции, комплексите меѓу минералите и хумусот и микроорганизмите и нивното влијание врз здравјето на растенијата, животните и човекот. Книгата е поделена во два дела, чија содржина се фокусира на следните шест аспекти: 1) Трансформација и динамика на загадувачите во животната средина; 2) Хемиски, биолошки и биохемиски процеси во ризосферата; 3) Биолошка достапност на имобилизираните метали и ксенобиотици во компонентите на почвата; 4) Распределбата и активноста на биомолекулите во терестричните системи; 5) Заемно дејство меѓу микробната биомаса од почвата и трансформациите на органската/хранлива материја; и 6) Влијание на заемните дејства меѓу минералните колоиди, органската материја и биотата во почвата врз процената на ризикот и обновувањето/ревитализацијата на терестричните екосистеми.


Киаојун Хвенг е професор по биохемија на почвата и директор на Главната лабораторија за земјоделство и животна средина во суптропските региони, која е дел на Министерството за земјоделство на Земјоделскиот универзитет „Хуажонг“ (HZAU), Кина. Тој го стекна својот докторат за наука на почвата на HZAU во 1992. Помина една година на Универзитетот во Манитоба, Канада, како научник – посетител/визитинг, пет месеци на Универзитетот во Неапол, Италија и две години на Универзитетот „Јамагучи“, Јапонија. Неговото истражување се фокусира на заемните дејства меѓу минералите во почвата со биомолекулите и микроорганизмите, како и микробиолошката трансформација на тешките метали во почвите.


Пан Минг Хвенг, доктор на науки, соработник на Американското здружение за напредок во науката (FAAAS), член на Сојузот на филипинско–американски студенти (FASA), член на факултетската асоцијација за студенти од општествените науки (FSSSA), член на Здружението за услуги на филипинско–канадска поддршка (FCSSS), почесен професор по педологија на Универзитетот „Саскачеван“ во Саскатун, Канада. Неговите пронајдоци, отелотворени во над 300 научни изданија, вклучувајќи и девет истражувачки трудови, објавени во „Нејчр“ (Nature) и други објавени во водечки весници, поглавја од книги и книги, се основа за развојот на разумни стратегии за управување со полвените и водните ресурси. 


Антонио Виоланте, член на факултетската асоцијација за студенти од општествените науки (FSSSA), член на Сојузот на филипинско–американски студенти (FASA), професор на Универзитетот во Неапол, Италија. Има поминато одредено време на Универзитетот во Висконсин и Универзитетот во Саскачеван. Неговото истражување се фокусира на механизмите за формирање, хемијата на површината и активностите на производите од преципитацијата на алуминиумот и железото, влијанието на биомолекулите на сорпцијата/десорпцијата на хранливите материи и загадувачите врз компонентите на почвата и органоминералните комплекси и хемијата на арсен во почвите и природните води.




Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
0
0

Коментари од корисниците