Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Роботски системи за гледање

Бертолд Клаус Пол Хорн  




Оригинален наслов на книгата : Robot Vision
ИСБН : 978-608-229-276-2
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1378 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 520
Димензии : 150x230
Корица : тврда



Краток опис

Овој текст е настанат како последица од предавањата што ги држи авторот на Универзитетот МИТ во САД. Бертолд Клаус Пол Хорн е професор по електроинженерство и по компјутерски науки и водечки експерт во областа на човековото и на машинското гледање. Поглавјата од првиот дел го потенцираат развојот на едноставните симболички описи на сликите, додека во останатите поглавја се изучуваат методите како да се применуваат овие описи. Во последното поглавје се нуди детален опис на интеграцијата на еден систем за гледање во склоп на еден роботски систем кој во конкретниот пример треба да избира делови од една кутија. Како надополнување на секое поглавје се дадени голем број вежби со кои се надополнува и проширува материјалот. За сите што сакаат да навлезат уште подлабоко во изучувањето на оваа проблематика може да се послужат со исцрпната библиографија во која се дадени насоки за тековните истражувања.
Поради неможноста да се покријат сите теми од областа, авторот во книгата го има испуштено материјалот за кој нема доволно цврсти теоретски основи. Наместо тоа, вклучени се информации што треба да бидат од корист за инженерите што применуваат методи од машинските системи за гледање во практиката. На пример, во поглавјата за обработка на бинарни слики се дадени податоци што помагаат во подобрувањето на тие слики кај комерцијалните уреди. Тука се поставува прашањето дали може да се очекува создавање и на еден општоприфатлив систем за гледање кој ќе има униварзална примена. Според авторот, тоа нема да се случи во догледна иднина. Тој систем би требало да се справи со сите аспекти на гледањето и да биде применлив за решавање на сите проблеми со употреба на визуелните информации. Но, кој знае, можеби сето тоа и не е така далеку. Наш предлог е да се прочита книгата и да видиме до каде сме.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците