Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Глобално владеење и нови војни: Спојување на развојот и безбедноста

Марк Дафилд  




Оригинален наслов на книгата : Global Governance and the New Wars: The Merging of Development and Security
ИСБН : 978-608-229-269-4
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 727 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 304
Димензии : 145x207
Корица : мека



Краток опис

Марк Дафилд е професор на Институтот за политика и за меѓународни студии на Универзитетот во Лидс. Во ова негово дело тој ги анализира модерните внатрешни и регионални конфликти што се случуваат поради влијанието на глобалното владеење. Посветеноста на владите-донатори и хуманитарните организации во решавањето на конфликтите и нивната инволвираност во социјалната реконструкција покажува дека сега војните се дел од развојните циклуси. Авторот тврди дека поимот „развој“ е радикализиран и дека сега се оди кон директна трансформација на општествата од третиот свет. Оваа радикализација од друга страна тесно се поврзува со редефинирањето на безбедноста. Се воочува дека неразвиеноста и слабостите во развојот на една држава претставуваат силна можност за создавање нестабилност.
Читајќи го текстот уште повеќе ги разбираме модерните конфликти и потешкотиите што се јавуваат при нивното решавање. Покрај креаторите на политики, за оваа книга може да се заинтересираат и студентите, како и научниците од областа на меѓународната безбедност, политичка економија и политичка теорија.
Во книгата се опфатени темите за спојување на равојот и на безбедноста, стратегиските комплекси и глобалното владеење, новиот хуманитаризам, причините за избивање судири, порастот на прекуграничната сива економија, нелибералните политички комплекси и новите војни, внатрешната раселеност, помошта и социјалното почитување. Во последното поглавје е наведен заклучокот во кој се констатира дека глобаното владеење е сложено и подлежи на морална одговорност.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците