Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Вовед во прехранбено инженерство

Пол Р. Синг,   Денис Р. Хелдман  




Оригинален наслов на книгата : Introduction to Food Engineering
ИСБН : 978-608-229-230-4
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1599 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 864
Димензии : 190x246
Корица : тврда



Краток опис

Пол Р.Синг е професор по инженеринг на храна на Универзитетот „Калифорнија“. Добитник е на многу награди и признанија. Тој е меѓународно признат експерт со одржани предавања во повеќе од 40 земји низ целиот свет.
Денис Р.Хелдман
е директор на „Хелдман и соработниците“, консултантска компанија за примената на апликации во процесите за преработката на храна. Негови клиенти се образовните институции, фирмите од индустријата и владата на САД. Тој е вонреден професер на Универзитетот „Калифорнија“ и почесен професор на Универзитетот „Мисури“.
Овој учебник се базира на повеќегодишното искуство на авторите во држење настава на студенти по прехранбено инженерство. Во него се јасно претставени концептите и оперативните процеси што се користат при обработката на храната при што создале една интересна мешавина од принципи и од примена. Секое поглавје почнува со опис на примената на одреден принцип, а потоа се разработуваат квантитативните врски што ги дефинираат процесите. За полесно совладување на материјалот се дадени решени примери и по неколку задачи за самотестирање. Внимателно се избрани илустрации за инженерските правила при воспоставувањето на врските меѓу хемијата, микробиологијата, нутриционизмот и обработката на производите.
Содржински се опфатени темите за протокот на флуиди, енергијата и контролата на процесите, преносот на топлина, процесите за конзервирање, ладење и замрзнување на храна, процесот на испарување, психрометријата, дехидрацијата и уште неколку дополнителни процеси, како што се филтрацијата, седиментацијата, центрифугирањето, мешањето и екструзијата. Посебно поглавје е посветено на концептите за пакување.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците