Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Препорачуваме

Прирачник за американската технологија

Керол Парсел  




Оригинален наслов на книгата : A Companion to American Technology
ИСБН : 978-608-229-018-8
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 1071 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 472
Димензии : 165x235
Корица : тврда



Краток опис

Ова е пионерска колекција на оригинални есеи во кои се анализира феноменот наречен „технологија“. Дваесет и еден водечки научник ги истражувале важните карактеристики на американската технологија, вклучително и развојот на автомобилската индустрија, телевизијата и компјутерите. Од друга страна, истражени се начините на кои се применуваат технологиите во инженерството, медицината, земјоделството и во владините институции. Направена е уште една интересна анализа за тоа како технологијата влијае врз луѓето од гледна точка на раса, пол и на класа.
Самата историја на технологијата, како самостојно академско поле, не е стара ниту еден век. Таа рапидно се развива во годините по „Спутник“, кога Американците забрзано ја равиваа технологијата за преземање водство пред советската технологија. Со ова дело се прави еден пресек на тој технолошки развој.
Уредник на ова издание е Керол Парсел, професор и шеф на Катедрата за историја при Универзитетот „Кејс вестерн резерв“. Покрај ова издание, тој го има уредено и „Технологијата во САД: Историја на поединците и на идеите“ (1990). Автор е на „Белата жештина: Луѓето и технологијата“ (1994) и на „Машините во САД: Општествена историја на технологијата“ (1995).
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците