Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Атлас во боја за клиничка анатомија на куче и мачка

Џек С. Бојд  




Оригинален наслов на книгата : Colour atlas of clinical anathomy of the dog and cat
ИСБН : 978-608-229-096-6
Година на издавање : 2012
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 646 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 220
Димензии : 240x308
Корица : мека



Краток опис

Овој суштински преглед минува низ голем збир анатомски детали како би бил во можност да понуди јасен водич за анатомијата на куче и на мачка, релевантен за секојдневните барања во ветеринарната практика. Атласот содржи 275 фотографии во боја на анатомски дисекции со потенцирање на клучните разлики меѓу кучињата и мачките, повеќе од 75 црно-бели фотографии на радиографи и ултрасонографи, информации потребни за студентите по ветерина во јасен и концизен формат и анатомски слики од свеж материјал на кој е прикажан изгледот на ткивата.
Д-р Џек С.Бојд
е професор по клиничка ветеринарна анатомија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот во Глазгов. Во својот текст тој постојано ја користи базичната анатомска терминологија и заедничката номенклатура во вид на НАВ-стандарди (Nomina Anatomica Veterinaria). Тектот и повеќето фотографии се однесуваат на куче, додека анатомијата на мачка е дадена само како компарација за да се уочат разликите. Со дисекцијата, целта беше анатомските делови да се прикажат во што е можно поприроден изглед, со што се добива голема предност во однос на стилизираните анатомски препарати. Секако дека сите карактериститки го ставаат атласов во групата вредна и незаобиколна литература за сите ветеринари.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците