Е-адреса: Лозинка:
















Продукти: 0
Цена 0 мкд

Сместување и благосостојба на фармски животни

С.Х. Бакстер,   М.Р. Бакстер,   Џ.А.Д. Меккормак  




Оригинален наслов на книгата : Farm animal housing and welfare
ИСБН : 978-608-229-032-4
Година на издавање : 2011
Издавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Прегледaна: 521 пати
Коментари вкупно: 0
Број на страни: 364
Димензии : 153x233
Корица : мека



Краток опис

Оваа книга е, всушност, збирка на заклучоци од работилниците одржани во склоп на семинарот за благосостојба на животните од фарми, одржан во Абердин, од 28 до 30 јули 1982 година, во организација на ЕУ-комисијата за истражувања во земјоделството при генералниот директорат за земјоделство. Уредници на изданието се С.Х.Бакстер, М.Р.Бакстер и Џ.А.Д.Мекормак од шкотскиот Институт за истражување на фармерските објекти.
Во последно време сè повеќе се зборува за благосостојбата на животните, но многумина ќе се запрашаат што е тоа. Не би било можно мерење или оценување на благосостојбата доколку не знаеме што, всушност, таа претставува. Поради тоа, приоритет на овој семинар било сместувањето на животните, што во овој момент е сè уште контроверзна област. Активно учество земаа еминентни биолози и проектанти, сè со цел да се обезбедат што подобри услови за сместување. Во работниот дел од семинарот се поставени многубројни задачи за чие решавање се земале предвид идеите на повеќе експерти од соодветните области. Работата се одвивала во три фази: прво, се разгледувала благосостојбата од филозофски аспект, понатаму се утврдувале биолошки потребните услови и на крај се пристапувало кон проектирање за да се обезбеди сето тоа. На крајот се сублимира севкупното стекнато знаење кое понатаму се дистрибуира до пошироката јавност, со цел да се зголеми благосостојбата на животните од фармите.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.

 



Оценка од корисниците

5 звезди

0

4 ѕвезди

0

3 звезди

0

2 ѕвезди

0

1 ѕвезда

0

Просечна оценка
5
0

Коментари од корисниците